Стандардни и интензивни курсеви

Стандардните курсеви за деца и за возрасни за сите странски јазици се во времетраење од максимум 4 месеци. Интензитетот на настава е два пати во неделата по 90 минути. Фондот на часови е од 28 до 32 часа во зависност од големината на групата. Групите се состојат од 5 слушатели минимум а максимум 9 слушатели во една група.

 

флаер слика

Интензивните курсеви траат од два до два и пол месеци во зависност од големината на групата и интензитетот на часовите. Интензитетот е два пати во неделата по 120 минути. Групите се состојат од најмногу 9 слушатели а тоа дозволува еднакво учество на секој слушател во текот на наставата.

Наставата е динамична, интересна, релаксирана и прилагодена на потребите на сите слушатели. Во текот на курсевите слушателите се здобиваат со јазични вештини како читање, пишување, комуникација, збогатување на речникот. Совладувањето на вештините е според Европската рамка за изучување странски јазици.

Вообичаените уписи секоја година се од 20 август  до 10 септември  и од 3 до 12 јануари.

 

Доколку оформите група од минимум 5 слушатели можете да стартувате со групата било кое време во годината. Интеркултура со оваа понуда Ви овозможува единствена шанса за иста цена самите вие да ги одберете термините на одржување на курсот како и да ја одредите динамиката на часовите. Според потребите на слушателите и по нивно барање, се определува метод на настава кој најмогу одговара.

 

german         learn english

Цена на јазични курсеви за 2016/2017

ЈАЗИК ОПШТИ КУРСЕВИ ИНТЕНЗИТЕТ ВРЕМЕТРАЕЊЕ ЦЕНА МЕСЕЧНА РАТА
Француски или шпански јазик стандарден 2 x 90 мин 4 месеци 5400 ден 3 х 1800,00 ден
интензивен 2 x 120 мин 2,5 месеци 5500 ден 2 х 2750,00 ден
Англиски, германски, италијански јазик стандарден 2 x 90 мин 4 месеци 5400 ден 2 х 1800,00 ден
интензивен 2 x 120 мин 2,5 месеци 5600 ден 2 х 2800,00 ден
Супер интензивен 3 x 120 мин (еден термин задолжително за викенд) 2 месеци 5800 ден 2 х 2900,00 ден
Шведски или норвешки јазик стандарден 2 x 90 мин 4 месеци 7400 ден 2 х 2500,00 ден

+ 1 х 2400,00 ден

интензивен 2 x 120 мин 2,5 месеци 7400 ден
Подготовка за IELTS / TOEFL стандарден 2 x 90 мин 5 месеци 10.000 ден 4 x 2500,00 ден
Mакедонски за странци стандарден 2 x 90 мин 4 месеци 7600 ден 4 x 1900,00 ден

 

При секој упис, задолжително се пополнува ФОРМУЛАР ЗА УПИС и се уплаќа една месечна рата за курсот со цел навремено да се обезбеди и загарантира местото во групата.

*Наведените цени се без материјал за настава. Нивната цена зависи од курсот како и ниворо што се посетува.
*За секоја група потребни се минимум 5 слушатели.
*Со секој упис добивате купон за попуст на одредени речници, за одредени летни јазични програми во странство организирани преку Интеркултура
*Попуст од 10 до 15% за запишани 2 односно 3 членови од исто семејство.

 

Можност за индивидуална настава за сите горенаведени јазици. Повеќе информации за овој вид настава во просториите на Интеркултура или во контакт формата на нашата интернет страна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *